Категории

Го чувствуваме присуството на есента: Ова се најубавите цитати за ова годишно време!

Есента пред неколку денови и официјално пристигна. Со мирисот на првиот септемвриски дожд и првите жолти нијанси кои полека ја освојуваат целата природа околу нас, се потсетуваме на некои од најубавите цитати за есента.

Април никогаш не ми значел премногу. Ми се чини дека есента е таа која е почетокот, почетокот на пролетта. – Труман Капот

Ќе се заљубам, одлучив одненадеж. Есен е, но малку сум престар да ја чекам само пролетта. – Ѓорѓе Балашевиќ

Есента е долга пролет, каде што секој лист е всушност цвет. – Алберт Ками

Есента и октомври, тоа е време кога ветерот ги брише спомените, ја поместува душата и те враќа онаму од каде што мислиш дека си побегнала засекогаш. А не си, и не можеш… – Меша Селимовиќ

Есента е како насмевка, полна со значење, а таинствена, преку цела земја. Тогаш крвта го бои мојот поглед, проникнуваат длабоките желби и стари колку овој свет, и пред овие очи растат таинствените облици на женското тело до огромна големина и кобни симболи на нешто поголемо, опојно, смртоносно… – Иво Андриќ

Оној кој мисли дека паднатите есенски лисја се мртви, никогаш не ги гледал како играат на ветрот. – Шира Тамир

И есента тивко му шепнува на ветрот:  Точно е, кај мене сѐ паѓа. Но, секогаш најубаво сјае… Енџи Вејланд Крозби

Прегледи:
2529
Објавено на:
27.09.2019