Категории

Го фатил онлајн казиното како мами и му покажал на светот како од играчите крадат пари

Именуваната компанија се уште не се огласила, но големото прашање е дали воопшто има начин да се поправи штетата?

Мајкл Моргенстерн, професионален играч на популарната игра со карти блек џек, во саботата на својот канал на YouTube објавил видео што дефинитивно ќе сакате да го видите доколку коцкањето во живо на интернет е вашата страст.

Всушност, неговото остро око фати еден крупие од онлајн казината како прави измама, што доведе до тоа да онлајн компанијата сега ја бие лош глас, а можеби ќе сноси и кривична одговорност.

Накратко кажано, крупието со брз потег со левата рака ги менува картите, па посилната од нив си ја дели себеси наместо на играчот кој е на ред.

Така му го земал влогот, а и нам ни даде до знаење дека (како претставник на) “куќата” секогаш знае која карта е следна во шпилот. Компанијата се’ уште не се огласила, а прашање е дали ќе може воопшто да ја прикрие штетата бидејќи снимките од Моргенстерн се проширија на сите социјални мрежи. До овој момент само на YouTube снимката ја виделе повеќе од милион луѓе.

https://www.youtube.com/watch?v=l3-OssVlvgc

https://www.youtube.com/watch?v=j1EiWvN11nU

Прегледи:
459
Објавено на:
23.02.2017