Сезоната во која луѓето се раѓаат влијае на нивната психа и ги зголемува или намалува шансите за заболување од психијатриска болест – па бебињата родени во лето се среќни, но нерасположени…
Постои причинско-последична врска помеѓу делот од годината во кој некој е роден и неговата или нејзината личност. Астролошките знаци се изведени од годишните времиња, односно од обележјата на природата што владеат во тие периоди. Студија спроведена во Унгарија открила силна усогласеност помеѓу месецот на раѓање и видот на личноста. Истражувачите ги тестирале темпераментите на 366 студенти и ги споредиле со месецот на нивното раѓање. Професорката Ксенија Гонда, водачот на истражувањето, ги замоли волонтерите да решат психо-тест со кој сакаше да утврди на кои темпераменти им припаѓаат најмногу. Таа ги поврза одговорите со родендени и откри дека датумот на раѓање ги зголемува или намалува шансите за заболување од психијатриска болест. Се покажа дека луѓето родени во зима имаат најкревко ментално здравје, додека меѓу среќните се оние родени во лето – тие се расположени и се најздрави.
Пролет – висок лет, низок пад
Луѓето родени во март, април и мај се секогаш добро расположени и оптимисти. Тие се во состојба да ги видат проблемите во позитивно светло и секогаш веруваат дека сонцето доаѓа по дождот. Но, парадоксно, тие се над просекот подложни на повремени епизоди на тешка депресија. Тој факт го изјавија британски научници во 2012 година во студија спроведена на 58.000 луѓе. Највисока стапка на депресија има кај луѓето родени во април. Од друга страна, депресијата е најмалку присутна кај луѓето родени во ноември.
Лето – сега се „горе“, па се „долу“
Децата во јуни, јули и август често се одлично расположени и ретко страдаат од сериозни ментални болести. Многу експерти веруваат дека ова е последица на неколкумесечно убаво време пред и веднаш по раѓањето. Нивниот главен проблем е брза промена на расположението. Тоа доаѓа од негативните ефекти врз мајката во текот на зимските месеци од бременоста. Но, промената на расположението не претставува голема непријатност, за разлика од биполарното нарушување, кое ретко влијае на нив.
Есен – упорност
Родените во есен, односно од почетокот на септември до крајот на ноември, имаат менлива ментална состојба. Ова се должи на изобилството на хранливи материи достапни за време на бербата и фактот дека владеењето на зимската темница сè уште не се случило. Тие имаат ниски стапки на депресија и биполарно растројство, што е добро за нив. Единствената дамка на нивната ментална состојба е склоноста кон раздразливост, но тоа не е сериозен проблем за нив, туку за луѓето околу нив.
Зима – депресивна реалност
Родените во декември, јануари и февруари имаат најкревко ментално здравје. Предизвиците со кои се соочуваат луѓето кои слават зимски роденден вклучуваат депресија, сезонско афективно нарушување, биполарно растројство и шизофренија. Ова се непријатни заболувања, но зимата нуди и компензација. Зимските луѓе се помалку раздразливи и пореални од луѓето во лето и пролет. Исто така, родените во јануари и февруари имаат поголеми шанси да станат славни. Истражувањето спроведено на 300 познати личности од 2015 година покажа дека повеќето од нив се родени во јануари и февруари. Тие честопати покажуваат креативен талент и способност да ги решат проблемите на оригинален и снаодлив начин.