Категории

Годишното време во кое сте родени открива многу за вас

Дури и да не верувате во астрологија, едно истражување на Универзитетот во Будимпешта претставено на Европскиот колеџ за неуропсихофармакологија, ја потврдува врската помеѓу годишното време, раѓањето и личноста благодарение на биолошкиот часовник и количината на дневна светлина во периодот на раѓање.

Пролет

Родените на пролет имаат хипертимичен темперамент кој ги прави попозитивни од луѓето кои се родени во другите годишни времиња. Затоа пролетните бебиња често покажуваат оптимизам, лесно покажуваат ентузијазам и не е потребно долго за да се загреат за некоја идеја. Не се премногу склони кон депресија, а често поседуваат уметнички талент.

Нивниот најсилен адут е големото срце.

Лето

Луѓето родени во летните месеци имаат т.н циклотимичен темперамент, кој ги прави склони кон чести промени на расположението, кои пак не мора да бидат предизвикани од ништо конкретно. Исто така, посклони се кон нервоза од луѓето родени во другите годишни времиња, а им се припишува и дека многу лесно се заљубуваат. Честопати менуваат работа и склони се кон конфликти.

Нивниот најјак адут е снаодливоста.

Есен

Наспроти дождот, паѓањето на лисјата и заспивањето на природата, луѓето родени во есенските месеци најмалку се склони кон депресија. Иако не им се припишува премногу позитивен, туку рационален карактер, есенските деца имаат најмал ризик од ментални пореметувања. Исто така, тие се прилично физички активни.

Нивниот најсилен адут е остроумноста.

Зима

Луѓето родени во зима се емотивно најстабилни, т.е најотпорни на емоционални стресови, а тврдат дека на тоа влијае количината на сонце која ја впиле за време на мајчината бременост. Водени се од разумот пред емоциите, а ги краси постојаност во ставовите и целите.

Најсилен адут им е великодушноста.

Прегледи:
545
Објавено на:
30.09.2021