Категории

Ѓоковиќ прв полуфиналист на завршниот Мастерс

Новак Ѓоковиќ го победи Милош Раониќ и го обезбеди учеството во полуфиналето на завршниот Мастерс во Лондон, додека Канаѓанецот за место меѓу најдобрите четворица ќе се бори со Доминик Тим кој славше над Гаел Монфилс.

Новак Ѓоковиќ и Милош Раониќ го одиграа најдолгиот меч во досегашниот тек на турнирот, а победата по два часа и 14 минути му припадна на Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер славеше во два тај брејка, откако во вториот сет два пати ја испушти предноста на брејк.

Во вториот меч дебитантот на завршниот Мастерс, Доминик Тим за 90 минути го победи Гаел Монфилс 6:3, 1:6, 6:4.

Тим за место во полуфиналето ќе игра против Раониќ, овој меч на програмата е в четврток, кога во групата „Иван Лендл“ ќе игра и Ѓоковиќ. Ривал на Србинот треба да биде Монфилс, но тој по мечот со Тим се пожали на повреда, па не се исклучува можноста ривал на Ѓоковиќ да му биде Давид Гофан.

Извор: Макфакс

Прегледи:
557
Објавено на:
16.11.2016