Вие сте поголеми отколку што си мислите. Вие сте толку големи колку што вашето срце е подготвено да прости и да ги преболите повредите што некои луѓе ви ги направиле. Големи сте сè додека не се навраќате на минатото и грешките што се случиле таму, туку гледате во иднината и не земате ниту еден нов ден здраво за готово. Вие сте големи колку што им давате на другите, не очекувајќи дека сè ќе треба да ви се врати.
Големи сте се додека не се откажувате. Дали ви е тешко? Но, знајте дека на другите им е тешко. На некои помалку, а на некои повеќе. Поминувате низ многу кризи и недоразбирања. Но, и други поминале. Можеби многу повеќе од вас. Но, дали знаете која е големината? Да го прифатите тоа и да продолжите понатаму. Напредувајте и растете. Ценете ја убавината на животот. Сметајте ги благословите што ги имате во животот, а не само да се жалите за она што ви недостасува. Тоа е само прашање на вас и на тоа што ќе правите. Бидејќи не се раѓате со големината, туку неа ја стекнувате.