Ретки се бендовите кои успеале да станат големи, а истовремено да останат авангардни, бескомпромисни и суперквалитетни во тој процес. А PLACEBO се дефиниција за тоа!
Затоа, со огромно задоволство ви најавуваме дека PLACEBO доаѓаат на возобновениот рок настан СКОПЈЕ ГОРИ ФЕСТИВАЛ 20.20, со ексклузивно шоу во регионот! – велат во соопштението од Авалон Продукција.
Како во моментов звучи во живо еден од најмоќните светски рок бендови, публиката од Македонија и од регионот ќе може да види и да слушне на 25-ти јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Дека е задоволството големо што Скопје и Македонија ги имаат PLACEBO, не треба ни да се спомене, само треба да се види листата на големи фестивали каде ќе настапат ова лето: Rock Werchter во Белгија, BBK и Madcool во Шпанија, Park Live во Русија итн…
Со повеќе од 12 милиони албуми продадени во светот досега, Placebo е основан во 1994 година. Со нивниот специфичен звук кој претставува фузија на глам-рок и готик-поп жанровите, како и по уникатниот имиџ на пејачот Brian Molko, Placebo добија статус на апсолутни миленици на алтернативната рок популација, а меѓу нивните бројни обожаватели се вбројуваше и легендарниот David Bowie.
Placebo досега имаат објавено вкупно девет албуми, од кои седум се студиски и два во живо. Не треба да се заборави дека покрај носачите на звук, Placebo имаа серија од исклучително успешни синглови и видео спотови со впечатлив стајлинг, со што дефинитивно се профилираа како современ арт-рок состав и тоа на најдобар можен начин.
Влезниците за веројатно најголемиот рок концерт ова лето во Македонија ќе бидат пуштени во продажба во петок во 09 часот наутро и истите ќе може да ги набавите исклучиво во Avalon music & ticket store во ГТЦ, продажните места во мрежата на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории:
ПАРТЕР – 1.500 денари
ФАН ПИТ – 1.990 денари (само 1000 влезници во продажба)
Продажба на влезници ќе врши и тикет сервисот Евентим -Бугарија, со оглед на тоа дека PLACEBO нема да настапуваат во соседна Бугарија.
ВАЖНО: АРМ стадионот ќе биде адаптиран на капацитет од 6000 посетители, а специјалните гости на PLACEBO ќе бидат дополнително објавени.
Ви советуваме да побрзате со купувањето на влезниците!
Always ready for your Special needs!