Категории

Големо снежно невреме во Германија: 41-годишен маж гол „нурна“ во снегот

Снегот што паѓаше во областа на Германија претходните денови предизвика големи проблеми во земјата, а поединци се фрлија во бело ќебе, како да е тоа море.

Според извештаите на медиумите, извесен Енрико Улбрих од Вернигероде денес нурнал во снегот. 41-годишникот не сакаше да ги пропушти „зимските радости“, па ја облече опремата за пливање и се „нурна“ во ледениот снег. Многу патишта се скоро непроодни, а синоќа се случи вистинска драма на автопатот, бидејќи поради лизгање на бројни камиони се формираше колона возила, па многумина ја поминаа ноќта во автомобилите, чекајќи да сообраќајот да се опорави.

Германскиот метеоролошки институт издаде соопштение во неделата поради екстремните временски услови, а снежната бура речиси ги парализира северните и централните делови на земјата. Во последните денови медиумите известуваа за бројни сообраќајни несреќи предизвикани од снег и мраз, а имаше и повреди на пешаците.

Во многу германски провинции паднаа повеќе од 20 сантиметри снег, а ветерот дува и до 80 километри на час.

Прегледи:
1001
Објавено на:
09.02.2021