Категории

Google најави дека ќе им ја олесни работата на докторите со воведување на нови можности за пребарување!

Од Google Cloud најавија дека воведуваат нови можности за пребарување со помош на вештачка интелигенција.

Работата на докторите ќе биде олеснета со тоа што брзо и едноставно ќе можат да пристапуваат до разни медицински досиеја.

Ова им одзема прилично доста време и енергија на здравствените работници бидејќи информациите често се складираат во повеќе системи и формати.

Со новите можности со помош  на вештачка интелигенција, овие работи ќе бидат поедноставени.