Категории

,,Говор кој ќе Ве натера да се замислете ,, каде исчезна Патриотизмот ,,

Зошто ќе слушнете , некои ни говорат дека уште многу не чека да бидеме дел од Европска Унија ,
Некои ќе велат дека сме подготвени да бидеме таму , некои ќе ни кажуваат дека воопшто не сме биле…
Но јас Ве уверувам! Тука сме ! На прагот , позади оваа редица која што Ви ја споменав предмалку.
И уште чекаме во колоната на безнадежност.

Па штета што ни мојот пасош не е испишан. Штета за тие неколку последни страни кои не приморуваат да се етикетираме како бугари. Да се промениме , да го промениме својот идентитет!?
Зошто пред некое време гледам, зад мене , на колоната од мојата страна , само уште неколкумина…
па затоа Вам ќе Ве прашам… ,, Уште колку од Вас овде останаа македонци ?  Колку не има ? ,,

Добро , Да замислиме дека од наредната година веќе сме дел од Европска унија.
И веќе сме држава членка. Го остваривме нашиот сон, ни ги отворија  катанците од границите….
Но јас се прашувам , ако уште од сега се иселуваме. Дали тогаш воопшто некој од нас ќе остани да живее овде?

Ако Черчил говореше во 42 та ,, We are masters of our fate !,,
тогаш ќе потврдам Да ние сме
Господари на нашата судбина!
и онаа позната негова мисла
,,If Britain must be choose between European Union and the open sea , she must always choose the open sea! ,,

Вие одлучувате!
И не само затоа што нашите деца ќе го живеат она што ние денес го живееме , не само затоа што нашите предци се бореле и за она денес што го имаме , не за убавите згради , не за убавите улици , не за спомениците , не за одморите , туку затоа што Јас тоа го чувствувам! Ние тоа го чувствуваме!

Но пишувајќи го мојот говор сфатив дека има само една надежна работа , а тоа  е што мојот говор ќе заврши.
Но знаете што е безнадежно ?Безнадежно е што за ден Свет не се менува!
Па затоа ќе ја оставам Свеста во Вас да проговори : Дали вреди сеуште да чекаме пред портите на Европска унија?
Или ќе се надеваме дека еден ден таа ќе се распадне….

Јас се надевам дека  можеби нашиот ,, Годо ,, некогаш ќе пристигне!
Почитувани Дами и Господа ,
Ви благодарам !

Ивона Талевска

1 2

Прегледи:
990
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
20.04.2016