Категории

Говорот на телото како дел од лидерството

Можеби Ви звучи чудно и неверојатно, но голем процент од нашата комуникација е невербална.

Доколку сакате да нурнете во светот на лидерството, овие совети за невербална комуникација дефинитивно ќе Ви помогнат.

Како треба да комуницирате со говорот на телото?

  • Контролирајте ги изразите на Вашето лице. Честопати кажуваме повеќе отколку што навистина сакаме и тоа само поради нашите изрази на лицето. Подигнуваме веѓа, се намуртуваме или се насмевнуваме. Овие гестови на лицето можат да придонесат за некој да се почувствува непријатно, а ние тоа всушност не сме го ни помислиле.
  • Одржувајте контакт со очите. Додека зборувате, трудете се да гледате директно во очите на другите. Доколку често гледате настрана, некој може да помисли дека фокусот не Ви е во она што го зборувате, имате ниско ниво на самодоверба или сте недоверливи.
  • Користете отворени гестови коишто ќе укажат дека сте пристапни, опуштени и отворени за комуникација.