Категории

Градови на љубовта: Овие романтични места мора да ги посетите барем еднаш!

Без разлика дали сте зљубени или само сакате да патувате, овие дестинации ќе ве маѓепсаат. Доколку планирате бегство од секојдневието или можеби сакате да ја изненадите својата сакана личност, испланирајте патување кое ќе го памети цел живот. Размислете за следните дестинации за кои велат дека се најромантични.

Венеција

Венеција е италијанскиот град на кој романтиката му е второ име. Иако е првенствено позната по масовниот туризам и бројните атракции, овој град е една од најдобрите светски дестинации за заљубените парови. Романтиката се појавува на секој агол, а секој кој ја посетил Венеција останал заљубен во нејзината убавина.

Санторини

Овој грчки остров е вистински дијамант на европската романтика, а претставува и еден од најбараните светски дестинации погодни за венчање. Грците особено ја истакнуваат убавината на фантастичното заоѓање на сонцето. Неговите автентични куќи и карактеристичните сина и бела боја, но и пријатната клима и убавина на природата го сочинуваат градот на љубовта.

Париз

Ниедна листа на романтични градови не е потполна без Париз. Престолнината на Франција е еден од најпосетените градови на светот и неговиот сјај е вонвременски. Дозвлете си себеси да уживате во шампањ под Ајфеловата кула или посетете го познатиот Мулен Руж.

Островот Капри

Во светот има малку романтични места како што е италијанскиот остров Капри, особено поради речиси нереалната убавина на Сината лагуна. Овој остров е идеално место за создавање спомени со саканата личност.