Овошјето и зеленчукот се навистина прекрасни, а јапонскиот шеф Takehiro Kishimoto од нив создава вистински уметнички дела.
Тој е многу популарен на инстаграм, а гравира се што ќе му дојде при рака. Некои ги претвора во елегантни цветови, а на некои исцртува анимирани ликови и геометриски дизајни.
Со тенок, остар нож гравира овошје и зеленчук веќе повеќе од три години, а почнал со едноставни линии кои со текот на времето ги усовршил.
Неговите дизајни се често инспирирани од јапонската култура, а за техниката вели дека е тајландска бидејќи сите мастери за обработка на овошје потекнуваат од Тајланд.
Но што прави Kishimoto откако ќе ја создаде оваа уметност? „Го гравирам, па го јадам.“ вели тој.