Категории

Хит писмо од мајка на шест деца до сопругот пред таа да замине на викенд со пријателките

Писмото на Меган Есер ќе ве насмее, како што насмеа стотици илјади лица на социјалните мрежи. Пред да замине на женски викенд со своите пријателки, 36-годишната мајка на шест деца му напиша писмо на сопругот со детални образложенија за тоа што треба да очекува додека таа е отсутна.

Прочитајте го текстот кој е вирален хит на Facebook со повеќе од 190 илјади допаѓања, 125 илјади споделувања и 69 илјади коментари.

ПИСМО ДО МОЈОТ СОПРУГ ПРЕД ДА ТРГНАМ НА ВИКЕНД СО ПРИЈАТЕЛКИТЕ

Најдраг сопругу,

Ти го пишувам ова од љубов, а не од страв. Сакав да расчистиме неколку работи пред да се впуштиш во викендов сам… со „другите“.

Вечерта, денот, појадокот и времето околу ручек лесно може да бидат помешани со вистински ПЕКОЛ, тоа за споредба е како Сатаната да доаѓа наместо „Моето мало пони“.

Но, прво најважното…

Кога ќе пристигнуваш дома по работното време, ништо нема да ти изгледа толку лошо. „Другите“ ќе те гушкаат, ќе скокаат и воглавно ќе бидат мошне возбудени што те гледаат. Тоа ќе трае само кратко… ти ветувам. Независно дали е учебна година или не… ова е познато како пеколен час. „Другите“ ќе се караат за сè и сешто, а Квин и Пени ќе бидат најголемите подбуцнувачи. Најверојатно Квин ќе биде изнервирана што Пени ѝ го носи нејзиниот Елза фустан, а Пени ќе биде исто толку изнервирана што Квин ќе ја нарекува Ана. Пени исто така нема да сака да спие, на што ќе се навратам подоцна.

Вечерањето ќе биде ужасно. Бејли ќе сака пица, додека Харпер ќе ти бара хотдог. Квин ќе плаче кога ќе го изговориш зборот хотдог и ќе инсистира да јадете макарони со сирење (но не од портокаловото пакување или од белото, туку од пурпурното). Бидејќи пурпурното ќе биде истрошено, ќе ти побара тост. Веќе ќе имаш започнато да ги правиш макароните за Пени, но штом ќе слушне дека Квин побара тост, и таа ќе посака тост. Ќе ги исфрлиш макароните со сирење, бидејќи Бејли пред 5 години доби стомачен вирус откако јадеше од портокаловото пакување, а Харпер го претпочита белото пакување. Исто така, ќе ја заборавиш Харпер, зашто нејзината пријателка Лили „неочекувано“ наминала, па одлучиле да повозат скирол на улица. Сите ќе јадат житарки за вечера, а Лили ќе влезе за преврска.

Ќе сакаш да седнеш и да се релаксираш по вечерата/ појадокот, но те предупредувам да не го правиш тоа. Ќе стане тивко… НАВИСТИНА тивко. Тогаш ќе сфатиш дека тригодишното дете заспало некаде. НЕ ДОЗВОЛУВАЈ тригодишното дете да заспие. Ако се случи тоа, навистина си се зезнал. Ќе биде ококорена до 1.30 наутро ако не си доволно внимателен. Ако се земе предвид дека ти спиеш од 9.30 до 5.00 наутро, ова е далеку од идеално.

Продолжувам.

Лили е уште таму. Тогаш ќе се запрашаш каде побогу се нејзините родители. Твојата претпоставка ќе биде исто току добра колку мојата. Јас сè уште не сум ги запознала.

02

Време е за спиење… Со среќа другарче.

Пижами. Зае*и ги пижами. Не се ни ОБИДУВАЈ да ѝ облечеш нешто друго освен ноќница на Пени. А ако не можеш да ја пронајдеш ноќницата на Пени, продолжи да ја бараш. Таа ќе ја побара ноќницата со Мини Маус, но откако ќе ѝ ја облечеш, ќе започне да вреска во агонија, бидејќи ракавите ѝ ги сечеле рацете. Потребно е да ја најдеш онаа со Елза. Огромни се шансите таа да е валкана како гомно, но не е важно… и Пени е валкана. Не се сеќавам кога за последен пат сум му ставила сапун на тоа дете.

Ајде остави ја Пени на каучот до тебе. Бог знае дека претходно си ја оставил да заспие некаде. Квин, Харпер и Бејли ќе си легнат лесно. Само почекај. Кога ќе легнуваат во своите кревети, ќе сфатат дека нивните мали усти горат и тие ќе започнат да се однесуваат како штотуку да изодиле 800 е**ни километри низ Сахара. Тие ќе слегуваат… еден по еден… на секои пет минути… по вода. НЕ ДОЗВОЛУВАЈ некој да се напие од розовата чаша со Елза на Квин. Ако таа го види ова, ќе спобудали.

Ќе ја земеш Пени в кревет со тебе, мислејќи си дека тоа е добра идеја. Ха ха ха ха ха! Тоа е исто како да спиеш до боксер.

Обиди се да ја ставиш во нејзиното креветче. Дај и го iPad-от. Ова ќе ти го спаси животот… ти ветувам. Провери дали си го намалил гласот, како и светлоста на екранот. Кога сме кај светлост, не го заборавај дифузерот. Наполни го тоа чудо и додај 2 капки Мир и спокојство, една лаванда, една анти-стрес. Ако беше ужасна тој ден, додај и малку темјан. Намести го светлото на виолетово. Те молам запомни виолетово. Ако го наместиш на сино, таа ќе се однесува како ретината од очите да ѝ е изложена на проклетото сонце.

Не ја заборавај нејзината чаша со клунче. Сериозно… НЕМОЈ. Ќе се напие малку, а потоа ќе те натера да ја оставиш на нејзиното шкафче. Ќе ти викне по пет минути за да го допие остатокот. Пак ќе те повика да го оставиш тоа нешто повторно на шкафчето. Потоа, со сигурност, ќе те разбуди во 3 часот наутро врескајќи дека некој ѝ ја украл чашата. Само наполни го тоа чудо повторно и моли им се на Петар и Марија да заспие. И не го заборавај нејзиниот вентилатор. Тоа девојче поти како блудница во црква што изела 12 сендвичи со говедско.

Појадок. Ха! Исто толку забавен како и вечерата… ако не и повеќе. Направи си кафе. МНОГУ кафе. Ќе ти треба. Пени можеби ќе сака житарки или ќе избере тост. Што и да правиш… ОСТАВИ ЈА САМА ДА ЈА ИЗБЕРЕ ЛАЖИЦАТА. Големи се шансите Квин да ја земе последната лажица, а Пени ќе те убедува дека си ѝ ја оставил најгрдата лажица. Некогаш ѝ давам виљушка, а потоа ѝ ја вртам. Појадокот ќе биде такво шоу што ќе заборавиш да јадеш и ќе започнеш да искусуваш кофеински трески.

Речиси е време за ручек. Започни да пиеш алкохол сега.

Измиј се, исплакни и повтори. Се гледаме в недела.

Ах, ќе заборавев. Во случај да сакаше да направиш НЕШТО викендов… со среќа. Квин плаче на околу 5 минути и може да си мислиш дека хранопроводот на Пени гори на секои 4 и пол секунди. Ќе има потреба од постојано полнење на чашата, што ќе води до повеќе посети на WC-то. Понекогаш ќе може да оди сама, а понекогаш е тотално бескорисна и ќе цимоли буквално за сè. Вклучително и зашто долната облека ја чувствува чудно. Имај резервна долна облека. А, и бидејќи ме натера да ги исфрлам сите чаши со клунче и ме остави со две… таа ќе ги изгуби тие. Со среќа во потрагата за да ги најдеш.

Бакнежи

Сопругата

Прегледи:
466
Објавено на:
19.08.2016