Категории

Хит порака на маж до бившиот на девојка си: „Ти благодарам што си замина, што ја напушти“

Кратко писмо на маж до поранешниот партнер на својата девојка кружи на интернет. Прочитајте ја пораката која допре до илјадници срца, а беше споделена на профилот на Facebook „Love What Matters“:

„До мажот која ја пушти да си замине“

Ти благодарам. Ти благодарам што си замина од нејзиниот живот, што ја напушти. Ти благодарам што ми даде шанса да ја сакам, да ги правам нештата кои ќе ја усреќуваат, навистина да ја чувам.

Ти благодарам што ја повреди. Ако не го направеше тоа, таа немаше да научи драгоцена лекција. Ќе дадам сè од себе за да не ја повредам, бидејќи ме боли кога ја гледам како плаче. Ќе ги правам сите нешта кои ти не ги правеше за неа, ќе бидам таму кога таа ќе се чувствува осамена, таа ќе ми биде приоритет и нема да дозволам да се почувствува како да е само опција, ќе ги слушам нејзините приказни, поплаки и жалби, без оглед на тоа колку бизарни или клише се тие. Ќе ѝ посветам време и внимание, дури и кога таа не го бара тоа од мене.

Ќе се грижам за девојката која ти не ја ценеше…

1 2

Прегледи:
839
Објавено на:
29.03.2016