Категории

Хит тренд: Колан-ташна

Ташната која се носи околу струкот позната како колан-ташната стана голем хит во светот на модата, особено плради тоа што е практична и едноставна.

Ташните иако претставуваат моден додаток, понекогаш умеат да бидат многу непрактични. Ако изберете голем модел, често немате каде да ја ставите, со долга рачка пак иако рацете ќе бидат слободни, таа е многу неудобна за рамената. Па токму поради тоа моделот на ташна која се носи околу струкот повторно се врати во мода.

Со неа рацете ќе ви бидат слободни и нема да ви причинува тешкотија на грбот а сепак со себе ќе ги носите сите потребни работи, за ова лето таа е идеален избор.

Прегледи:
852
Објавено на:
15.07.2017