Категории

Хју Хефнер никогаш не ги запозна, а и тие беа негови „зајачици“: Ова се сите Македонки од насловницата на Плејбој!

Големиот медиумски магнат, Хју Хефнер повеќе не е меѓу живите. Творецот „Плејбој“ на најчитаниот машки магазин на сите времиња замина, но остана неговото наследство… Во неговите деца, во пари и недвижнини, во стотици илјади испишани страници и снимени еротски фотографии на безброј познати, полупознати или анонимни убавици. Кралот на „машките воздишки“ ќе го паметат и по неговиот начин на живот, по безбројните домашни забави исполнети со гламур, раскош, но и блуд, разврат, алкохол, секс, оргии… низ кои минале или земале учество оние избраните – „кремот“ од неговите Плејбој зајачици! Останатите само ги краселе страниците на неговиот „Плејбој“ во многу земји на светот, а еден кус период и кај нас – во македонското издание на жешкиот магазин.

Меѓу нив и неколку Македонки. Собраа храброст, имаа доблест и доволно добри ателесни атрибути и тие да си ја опробаат среќата. Можеби никогаш не го запознаа големиот Хју, ама сепак и тие беа дел од неговите „зајачици“! На насловницата на македонското издание на „Плејбој“, се разбира!

Македонското девојче, тазе мажената пејачка Каролина Гочева, беше првата Македонка која го скрши мразот. не се соблече гола, но сепак се сликаше во долна облека за првиот број на македонскиот „Плејбој“.

Така, пејачката им го отвори патот и ги поттикна и останатие Македонки, па по неа храброст собраа и ги покажаа сите свои адути помалку или повеќе познати наши девојки.

ТВ водителката Миа Костова, беше таа која прва пак се соблече топлес… Во друштво на нејзината драга пријателка Маја.

Со тоа таа ем ги разби табуата, ем ги навлече сомнежите и им ги разврза јазиците на сите градски озборувач(к)и и ги стави на мисли: Ими ли некоја тајна врска меѓу нив двете или само уредништвото на магазинот, тоа така го замисли?

И ако Каролина го скрши мразот, Миа го растури на парчиња, топ моделот Александра Накова го стопи, па од мразот остана само „гола вода“… проѕирна!

А, на страниците на „Плејбој“ гола беше и таа… И тоа „пиштол гола“ во улоги на „разголениот ангел“ или „раскомотената бабамразица“, на страниците на македонскиот Плејбој.

По неа следуваа помалку познатите девојки, како бујната летна убавица Елизабета Симоновска, која природните езерски убавини на Македонија, ги спои со сопствените телесни атрибути…

…Па преку страниците на  жешкиот магазин и ги прикажа на јавноста во вид на натурална, раскошна, природна убавина.

И атрактивната секс бомба од Карпош 4 – Нина Костова исто така беше една од оние помалку познати, но не и  помалку секси скопјанки кои  ја красеа насловната страница на Плејбој.

Спој на раскош, гламур и убавина, зачинети со сензуалност, сексапил и елеганција… како опиум за сите сетила!

Последната Македонка која се појави во Плејбој беше долгоногата „фамфатал под маска“ – Марија Кочевска.

Мистична, заводлива, прдизвикувачка, пожелна… и толку!

Македонското издание на „Плејбој“ како што преку ноќ се појави, така преку ноќ и го снема. Замина во историјата, оствајќи ги тие неколку броеви како „голо сведоштво“ на едно време, во кое гоемиот медиумски магнат  Хју Хефнер имаше свои „зајачаци“ и во Македонија!

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
1294
Објавено на:
04.10.2017