Категории

Хоакин Феникс и Руни Мара станаа родители – Бебето го доби името по починатиот брат на актерот

Оскаровецот и неговата вереница актерката Руни Мара го добија своето прво дете

„Џокерот“ Хоакин Феникс и актерката Руни Мара станаа родители на момче. Синот го именуваа по починатиот брат на Актерор Ривер Феникс кој почина во 1993 година од предозираност.

Името на момчето го потврди филмскиот директор Виктор Косаковски со кого Хоакин заедно работеше на снимањето на документарецот Gunda.


Руни Мара позната по номинацијата за оскар за филмот „Девојката со тетоважа на змеј“ и актерот се запознаа во 2013 година за време на снимањето на филмот Her, подоцна се обединија повторно за снимањето на филмот Mary Magdalene во кој Руни ја играше Марија Магдалена а Хоакин го глумеше Исус.
Парот ја објави својата врска во 2017 година појавувајќи се заедно на Канскиот фестивал.
Парот се вери во јуни 2019.