Уругвајскиот претседател Хозе Мухика бил најсиромашниот претседател на светот.
Како претседател на Уругвај, живеел во својата селска трособна куќа, недалеку од Монтевидео. Претседателската палата ја отстапил на бездомниците на Монтевидео и организациите кои се грижат за бездомниците а од својата плата издвојувал 90% и давал во хуманитарни цели, затоа што како што и самиот вели „И мојата жена заработува добра плата, што ни е доволно за живот, па дури секој месец ни остануваат нешто пари кои ги ставаме на сметка за црни денови.“ „Тоа што сум претседател не значи дека треба да се променам, и да заработувам повеќе отколку што ми е потребно. Чувствувам должност да помогнам, тоа не е жртва, тоа е мое чувство на должност.“
На прашањата „Како се чувствува како најсиромашниот претседател на светот“, одговара дека е „скромен а не сиромашен, дека сиромашни се оние на кои никогаш не им е доста, а не оние кои живеат скромно.“
На прашањето „Како со тој став успева да направи економска преродба на Уругвај“, вели дека „не може да биде против потрошувачкото општество, затоа што во време во кое живееме тоа е важно за развој на економијата“, но е строго против расфрлувањето и се бори против тоа. Тој изјавува дека не разбира зошто луѓето се откажале од своето осумчасовно слободно време за да работат повеќе и повеќе за да купуваат нови автомобили во кои го поминуваат половина живот заглавени во метежот, затоа што сакаат да живеат во центарот на градот и да имаат вили на море во кои поминуваат две недели годишно, а има луѓе во Уругвај кои немаат покрив над главата.
За својата петгодишна функција како претседател тој го подигнал бруто националниот приход речиси дупло, а потрошената енергија од обновените извори ја подигнал дури на 30% затоа што длабоко верува во чувањето на природните ресурси.
Поминал 13 години во затвор како револуционер кој го повредила, мачела и на крајот уапсила власта на диктаторот Бордабери. Од тие тринаесет, седум години во тој затвор претседателот на Уругвај ги поминал во самица и специјални дупки за мачење на затвореници. Без дозвола дури и да чита книги.