Категории

Храна која го намалува стресот и поттикнува позитивна енергија

4 намирници кои го намалуваат стресот – јадете ги кога сте вознемирени или имате непријатни симптоми на анксиозност!

Јогата, медитацијата, престојот во природа, трчањето или пешачењето се користат како главни упатства за намалување на стресот и непријатните симптоми на анксиозност. Сепак, не смееме да ја занемариме диетата која силно влијае на нашето расположение, менталното здравје и емоционалната состојба.
Има една изрека која вели „Ние сме тоа што го јадеме“. Овошјето и зеленчукот се меѓу најдобрите намирници за намалување на стресот и анксиозноста, покажуваат бројните студии, како и истражувањата на Светската здравствена организација.

Свежото органско овошје и зеленчук се неопходни за регулирање на крвниот притисок, подобрување на здравјето на срцето и стабилизирање на нивото на шеќер во крвта. Зеленчукот и овошјето содржат важни хранливи материи како што се витамини, минерали, флавоноиди и каротеноиди кои можат да го намалат воспалението и оксидативниот стрес и затоа ја подобруваат менталната благосостојба, истакнуваат истражувачите.

Многу експерти истакнуваат дека долготрајниот и неконтролиран стрес може да доведе до голем број здравствени проблеми, вклучувајќи срцеви заболувања, дијабетес, депресија и анксиозност, па затоа мора да најдеме начини да ги спречиме и евентуално да ги ублажиме идните проблеми со менталното здравје.

Ако зголемувањето на внесот на овошје и зеленчук може да го направи тоа, тогаш вреди да се проба. Еве 4 намирници кои се најдобри сојузници во борбата против стресот:

1. Зеленило – Спанаќот, зелката, блитвата, зелената салата, богати се со магнезиум, кој делува антистресно. Иако магнезиумот денес им е достапен на многу луѓе преку суплементи, важно е да се знае дека телото најдобро ги апсорбира хранливите материи од свежата храна.

2. Аспарагусот е богат со фолати и витамин Б кои можат да го подигнат расположението и да помогнат во спречување на раздразливост. Истражувачите откриле врска помеѓу ниските нивоа на фолати и витаминот Б12 кај луѓе кои имаат проблем со депресивно расположение. Многу лекари ги препишуваат овие витамини на анксиозните луѓе како додаток на терапијата.

3. Цитруси – Најубавата комбинација на слатко и кисело, агруми како портокали, мандарини, лимони и лимети содржат шест од осумте витамини Б кои помагаат во намалување на стресот.

4. Јаболка – Ако не сте јаделе јаболка подолго време, сега е време да започнете. Ова овошје содржи високо ниво на антиоксиданси кои помагаат да се намалат симптомите на анксиозност.

Консумирајте свежо овошје и зеленчук како ужина во секој оброк. Погрижете се вашата чинија да биде исполнета со разни бои, а потоа тие бои ќе се прелеат во живот. Природата ни дава големи нешта за нашето тело, ум и душа – искористете ги тие дарови.

Прегледи:
402
Објавено на:
06.11.2021