Категории

И така, доаѓаш во годините кога не си ни премлад ни престар…

И така, доаѓаш во годините кога не си ни премлад ни престар…

Годините во кои стануваш свесен за сѐ околу себе. Веќе ја нема онаа безгрижност од детството и мајка ти која ќе притрча да ти ги избрише солзите од лицето. Ги нема крилјата во кои бевме сигурни и среќни. На нас останува дали ќе се соочиме со светот и ќе собереме сила да живееме достоинствено, со сите падови после кои мора повторно да бидеме силни за своите деца и своите најблиски.

Доаѓаш во годините кога е најмалку важно кој што мисли, кој што говори и кој што сака… Единствено за што се молиш е трошка здравје и прст среќа да не ги изневериш оние на кои им требаш…

Прегледи:
910
Објавено на:
23.01.2020