Категории

Идеи за здрав и хранлив оброк

Сенвичарите за брза храна ги има до сите училишта и градинки, па затоа најчесто мислиме дека тостот или хамбургерот ќе биде доволен оброк кој ќе го нахрани нашето дете. Но дали секогаш треба да имаме доверба во ефтините сенвичари?

Научно  е докажано дека најголем дел од стомачните вируси се како последица на расипан мајонез или пак на недоволно испечена плескавица од сенвичарата. Во тој случај, зошто да ги „труеме“ нашите деца со брза храна кога доволни ни се само неколку минути во денот да приготвиме храна за нив за цела недела.

Интересно е тоа што овие неколку рецепти кои избравме да ви ги презентираме долу во видеото можете да ги направите сите во еден ден и да ги ставите во фрижидер, па потоа секој ден да му давате различен оброк на вашето дете. Оваа храна е тешко расиплива а во себе содржи многу влакна кои му се потребни на нашето дете за правилен раст и развиток. Па не чекајте, погледнете во видеото подолу и уште веднаш направете здрав и хранлив оброк за вашето дете.

 

https://www.youtube.com/watch?v=eE8XJXAuQGU

Прегледи:
683
Објавено на:
02.04.2017