Кога е во прашање уредувањето на домот, IKEA на многумина им е прво решение, и тие секогаш успеваат да воодушеват со својот асортиман. Во центрите веќе е претставена божиќната колекција под името Vinter 2020.
Освен преслатки украси и детали, оваа година се мисли и на оние кои имаат мали станови.
Во понудата на IKEA пристигна и божиќната колекција во која преовладува црвена боја, а оваа година IKEA обрна особено внимание на оние кои имаат мали станови и елката едноставно не им ја собира. Тие претставија четири алтернативни модели за божиќни дрвја.