Категории

Илустрирани најдобрите вести од 2020 година

Сите ќе се согласат дека со самиот почеток на годината, и горењето на шумите во Австралија, па потоа со светската пандемија, 2020 е дефинитивно најлошата година за многумина.

Од заболувања, до карантини, до пад на економија – оваа година и ментално и физички не’ истошти. Но, за среќа, се случија и неколку убави работи, и овде ќе се фокусираме на нив. Weekly graphic news ги следат добрите вести од светот, и ги илустрираат, за да покажат дека во 2020 и не беше се’ толку црно. Овде ги одбравме најинтересните вести.

Шкотска стана првата земја која ги направи влошките и тампоните бесплатни за сите жени.
All The Good News

Медицинската сестра Pamela Zeinoun спасила 3 новороденчиња и ги носела со себе 5 километри по експлозијата во Беирут,
All The Good News

Европа ќе има само еден вид на полнач за секакви уреди.
All The Good News

Убивањето на нилски коњи падна за 53% во Јужна Африка, поради карантините.
All The Good News

Бразилската Фудбалска Федерација најави еднаква плата за мажи и жени.
All The Good News

Возовите во Велика Британија им нудат бесплатни патувања со воз на жените кои бегаат од домашно насилство
All The Good News

Една библиотека во Австралија им се јавувала на телефон во текот на карантините на сите повозрасни членови, да ги праша како се
All The Good News

Семејството на Стив Ирвин спасило околу 90000 животни во текот на Австралиските пожари
All The Good News

Две панди во една зоолошка, конечно се спариле повторно по 10 години, во текот на пандемиите. Веројатно е поради што немале стрес од луѓе кои ги гледаат околу нив.
All The Good News

Германија планира да ги задимува светлата на вечер, за да би се спасиле многу инсекти
All The Good News

Околу 66000 обвини за марихуана во Лос Анџелес ќе бидат обезважени
All The Good News

Бенкси тајно вложил пари во брод за спасување на мигранти
All The Good News
Студија покажува дека птиците учат што да не јадат од ТВ
All The Good News

Прегледи:
553
Објавено на:
22.10.2020