Категории

Им велеле да не стапуваат во брак, 25 години подоцна им покажале на сите дека не било во право

Кога Крис го забележала Пол, веднаш се вљубила во него. Оттогаш па сѐ до денес овој пар со Даунов синдром докажува дека нивната љубов е силна и безусловна.

Поддршката која си ја даваат меѓусебно е нивната тајна за долгиот и среќен брак. Крис, 58, успеала да остане активна и да води динамичен живот, додека Пол, 54, секогаш е тука за неа да и пружи емотивна заштита и многу љубов.

Но, застанувањето пред олтар за нив воопшто не било лесно. Многумина се спротиставувале на нивниот брак, сметајќи дека луѓето со Даунов синдром не треба да бидат во брак. Низ годините тие докажале дека направиле вистинска одлука и дека љубовта секогаш победува.

Во 50-тите години од животот, Крис и Пол се соочуваат со здравствени проблеми. Пол има деменција и пружена му е потребната грижа и нега. Крис го посетува често и тој сè уште ја препознава.