Има луѓе кои никогаш нема да имаат доволно, без разлика колку заработиле. А има и луѓе кои на крај секогаш ќе имаат доволно, без обзир колку и да им земат. Тоа воопшто не зависи од количината на пари, туку само од односот кон нив. Нема пари на овој свет кои не можат да се потрошат.
Постојат луѓе кои никогаш не ги завршуваат обврските, колку и да се платени. А постојат и луѓе кои ќе ја завршат работата, па дури и ако не им платат воопшто. И повторно не се работи за парите, туку за односот кон работата. Секогаш може да се смисли изговор да не се работи.
Има луѓе кои целиот живот се жалат колку лошо живеат. И навистина живеат лошо, дури и ако ги имаат сите услови за добар живот. А има и луѓе кои секогаш добро живеат, дури и кога немаат ништо.
Материјалното нема врска со тоа. Тука се работи за човечност.
Елдар Ахадов, Минијатури од циклусот „Размислувања“