Категории

Имала тајна врска со жена: Анџелина Џоли го изневерувала сопругот со оваа девојка!

Наводно, овие две дами врската ја одржувале со години, а Анџелина била на чекор од развод.

Анџелина Џоли освен што уживала во браковите со припадниците од посилниот пол, таа исто така е и бисексуалка и малку фалело да се заколне на вечна љубов на една девојка – Џени Шимицу.

Се запознале на снимањето на филмот „Foxfire“, и оттогаш се заљубиле една во друга. Јапонско – американската актерка го освоила нејзиното срце, а Џоли тогаш веќе била во брак со Џони Милер.

„Веројатно ќе се венчав со неа доколку во тој период не бев со својот сопруг. Се изненадив што кон неа имав исти чувства како кон мажите“ – своевремено изјавила Џоли, која го криела односот со неа поради медиумите. Дури подоцна проговорила за љубовта со колешката.

love & manhands.

A post shared by Jenny Shimizu (@jennyshimizu) on


Џени Шимицу денес е во среќен брак со Мишел Харпер и заедно се три години.

Прегледи:
510
Објавено на:
19.03.2018