Категории

Имате грип или обична настинка? Ова се разликите!

Зимата е препознатлива по зачестеноста на вирусните респираторни инфекции. Во сезоната на грип често популацијата обичната настинка ја именува како грип, што е многу погрешно.

Грипот е вирусна респираторна инфекција предизвикана од вирусот Haemophilus influenzae, додека кај „обичните“ вируси респираторни инфекции се предизвикани од аденовируси, респираторен синцициелен вирус итн. Иако овие инфекции имаат многу сличности, сепак има разлики според кои може да се препознаат.

Кога имаме настинка чуствуваме омалаксаност, болка во коските и зглобовите, може да се јави течење на носот, солзење, кивавица, затнат нос. Температурата се покачува кога веќе е актуелен некој од овие симптоми, односно покачената температура ја очекуваме малку подоцна.

Грипот пак започнува со висока температура. Тоа е првиот симптом кој ни навестува дека има некаков процес. Човекот од здрав легнува во постела. По неколку дена од покачувањето на температурата се јавуваат катаралните симптоми – односно течењето на нос, солзењето итн.

Без разлика на причинителот лекувањето е исто –течности, мирување, витамини и антибиотици при повисока температура од 38.5 C.