Категории

Имате пожолтени нокти? Не очајувајте, постои едноставен и ефикасен трик!

Појавата на жолти нокти може да се спречи доколку користите лакови од проверени произведувачи, но и квалитетни отстранувачи кои се направени на база на масло.

Но, доколку проблемот е веќе настанат, мора да му посветите внимание. Доволно е само неколку минути. Постои еден многу едноставен начин и брз трик кој со само неколку потези го решава проблемот со пожолтените нокти.

Потребно е:

  • стара четка за заби
  • паста за избелување на заби

 

Постапка:

  • На четката нанесете паста за заби
  • Секој нокт детално исчеткајте го, а ако е потребно повторете ја постапката неколку пати за ред
  • Измијте ги прстите и исушете ги со пешкир
Прегледи:
630
Објавено на:
01.06.2018