Категории

Индиец платил осум милиони долари за регистерска табличка

Индискиот бизнисмен кој живее во Дубаи, Балвиндер Сахани, на аукција ја купил регистарската табличка со број 5, за која издвоил неверојатни осум милиони долари.

Причината за ова трошење на огромна количина на пари за нешто такво, тој го оправдува со задоволување на неговата колекционерска страст.

“Обожавам да собирам уникатни регистерски таблички и сум многу горд што ја купив оваа на која пишува D5”, изјави Балвиндер Сахани.

Тој додава дека бил подготвен да плати и повеќе, а сумата би можела да оди и “од 50 до 100 милиони долари” за табличка која “ќе му ја фати окото”.

e2

Инаку, Сахани е сопственик на интернационална компанија за трговија со недвижнини, а купувањето на регистерски таблички му е огромна пасија.

Минатата година купил регистерска табличка со бројот 9 за шест милиони евра, а досега има собрано десет уникатни таблички. Новата табличка планира да ја стави на својот Rolls Royce автомобил.

Прегледи:
402
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
10.10.2016