На 70. светски избор за убавина во Израел избрана е новата Мис Универзум. 21- годишната Харназ Санду, Мис Индија, избрана е за Мис Универзум за 2021. година.
Санду зад себе остави 79 девојки од различни земји. Титулата прва придружничка ја освои Мис Парагвај Надиа Фереира, додека втора за придружничка е избрана Мис Јужна Африка Лалу Мсване.
Харназ Санду на натпреварот се претставила како силна заговорничка за зајакнување на положбата на жените во светот. Инаку работи како актерка, а најголема инспирација и е познатата индиска актерка Пријанка Чопра. Во слободно време се бави со јога, танц, готвење, играње шах и јавање.
View this post on Instagram
Санду била главен фаворит на кладилниците за титулата Мис Универзум. Веќе е добро позната во светот на моделингот бидејќи е последната победничка на ЛИВА Мис Дива, а крунисана е и со титулата Мис Индија, што е една од најпрестижните награди. Индија последен пат победила на избор на Мис Универзум во 1994. година.
View this post on Instagram
Во топ 16 влегле претставничките на: Америка, Јужна Африка, Венецуела. Парагвај, Филипини, Аруба, Индија, Велика Британија, Бахами, Порторико, Панама, Сингапур, Колумбија и Франција.