Категории

Инспиративно писмо од една студентка до нејзината идна ќерка: Зошто ќе ја научам ќерка ми никогаш да не чека?

Тешко е да се воспитува ќерка во свет каде сите вредности се изместени. На жените постојано им се наметнува мислењето дека треба да ги доведуваат до прашање нивните способности и поради тоа родителите се соочуваат со вистински предизвик кога треба да ги научат ќерките да бидат самоуверени и независни. Во следниов текст студентката Сидни Дејвис објаснува како таа би ја воспитувала нејзината ќерка иако воопшто не планира да се омажи и да има деца. Нејзините зборови се инспиративни и со сигурност ќе ве наведат на размислување…

Чистата душа се појавува во многу форми.

Јас лично не сакам деца. Никогаш не ми се допаѓала идејата да имам деца (мајка ми не се согласува со мене).

Но, кога би имала дете, кога би имала ќерка би ја научила да не чека. Да не чека ништо и никого.

Ќе ѝ кажам да не го чека принцот на бел коњ да дојде и да ја спаси. Целта ќе ми биде да ја научам дека светот се обидува да ги убеди жените дека им требаат мажи за да бидат исполнети, но тоа е една голема, ужасна лага.

Ќе ја научам дека таа во себе носи премногу искреност и духовност за да се преправа дека е глупава со цел му се допадне на некое момче со ниска самодоверба.

Нема да ѝ дозволам да порасне со идејата што ја промовираат бајките. Нема да ѝ дозволам да мисли и да очекува дека некој маж ќе дојава до нејзиниот замок и ќе ја разбуди од длабокиот сон како да е заспаната убавица.

Ќе ѝ кажам дека таа е веќе разбудена и полна со жар што може да го изгори целиот замок до темел. И потоа ќе ѝ кажам дека откако ќе ги одбие момците што се обиделе да затропаат на нејзината врата, ќе се појави вистинскиот. Кога тој ќе се појави, таа ќе мора целосно да ја разбере емоционалната невиност. Ќе треба да дознае дека чистата душа доаѓа во многу форма и дека емоционалната невиност е исто толку важна колку и физичката невиност.

И потоа таа ќе ме праша: „Мамо, што е емоционална невиност?“

А јас ќе и кажам: „Сонце, емоционална невиност значи дека знаеш која си и што сака твоето срце. Сѐ додека знаеш што сака твоето срце, ќе ја имаш контролата врз твоите чувства. Твоите чувства нема да те поседуваат тебе. Ти ќе ги поседуваш нив.“

Ќе ѝ кажам дека не смее да го крие сопственото вистинско лице само за да им угоди на другите. Таа е единствената неправилност во зоната на удобноста и токму тоа ја прави прекрасна.

Ќе ѝ кажам дека во нејзиното срце постои копнеж по авантура и дека треба да направи сѐ што може за да го оствари. Ќе ѝ кажам да не се плаши да побара совет од нејзините ментори и блиски пријатели и потоа бестрашно да почне да се бори за она што го сака.

Ќе ѝ кажам дека светот ја чекал токму неа уште од неговиот настанок. Ќе ѝ кажам дека таа се состои од 1 000 букети рози и милион авантуристички романи соединети во едно.

Ќе ја седнам пред огледало, како што мајка ми правеше со мене, и ќе ја натерам одново и одново да ги повторува работите што ги сака кај себе, дури и да не верува во нив. Таа треба да ги чуе тие зборови гласно и јас ќе се погрижам тоа да биде така.

По нашиот разговор, ќе ја прегрнам силно и ќе ѝ кажам:

„Светот е твој. Земи го. Јас сум постојано тука до тебе.“

Прегледи:
444
Објавено на:
10.10.2016