Категории

ИНТЕРЕСНА СПОЈКА: ТАСКО И ЛИНА НИ ЈА ПРЕТСТАВУВААТ “НЕВАЉАЛА“

Нашиот суперстар Таско до сега сме го гледале во соработка со многу машки трап изведувачи како Два Бона, Слаткаристика, Тракер, Фокс Бранко од Србија и Инас од Босна.
Но сега за прв пат во дует со женски артист и тоа не со било кој, туку со нашата позната пејачка која јасвноста ја запозна на  Српските „Пинкови ѕвездички„ убавата, ултра талентирана и харизматична Лина Пејовска.

За оваа соработка Лина ни изјави: „Снимањето на спотот помина топ лудо и незаборавно, а како би било поинаку кога снимаш со Таско и со екстра добра екипа. Идејата за заедничка песна со Таско дојде спонтано како што настана и нашата дружба. Подолго време бевме на идеја за нешто интересно и еве тоа и се оствари. Се надевам ќе им се допадне на сите, а песната може само да кажам дека „ЌЕ ГРМИ„!

Песната е со српски наслов и се вика „Неваљала„ за која музиката и текстот ги напиша Таско, инструменталот е на Алекс познат- “Beat maker“ од Шведска, а миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо.

Спотот е во режија и монтажа на Гордан Божиновски, во организација на Борис Тасковски, а сниман е во соработка со „Artistic Production„. Се снимаше во два сета од по 8 и 14 часа на две локации, во индустриска зона во Велес и на кулите Џевахир во Аеродром Скопје.

 

Инаку Урбан Рекордс е првата продукција од Македонија што потпиша партнерски договор со лидерите во регионот за медиумска промоција и дигитална продажба и дистрибуција “IDJ Digital” од Србија. Тоа значи дека ексклузивно и за прв пат наши изведувачи се промовираат на нивниот музички видео канал “IDJ VIDEOS”.

Во прилог линк од спотот „Nevaljala„- Tasko ft. Lina кој се промовираше на Ју Туб каналот
на “IDJ VIDEOS”…

 

Прегледи:
680
Објавено на:
20.07.2020