Категории

Интересни алегории во популарни сликарски дела за кои не сте знаеле

Уметноста отсекогаш постоела со две причини – првата била да разубави одреден простор со својата естетска вредност, а втората била да пренесе одредена порака. Подоле ќе прикажеме неколку познати сликарски дела кои во себе крија алегории кои не сме ги знаеле, односно, сликарски дела кои ги искомбинирале двете најбитни улоги на уметноста.

1. „Примавера“ – Сандро Ботичели, 1482.

„Примавера“, кја во превод значи „Пролет“, ден денес привлекува набљудувачи кои се фасцинирани од нејзиниот класичен симболизам и композиција. Поставена е во митичка шума, со нацртани околу 500 вида на растенија, од кои 200 се цветови. Портокаловите цветови симболизираат брак. На средината е преставена Венера која е симбол на љубов, и е облечена во типична Фирентинска облека од 15-тиот век. Над неа е нејзиниот син Купидон кој ја насочува својата стрела кон Трите Грации, симболите на задоволство, пуританството и убавината.

На десната страна од сликата е Зафир, грчкиор бог на западниот ветер, кој ја граба Хлорис, нимфа асоцирана со цветовите. Таа во митологијата се трансформира во Флора, божицата на пролетта, која на сликата е прикажана лево од Зафир и Хлорис, како жена во цветен фустан. Поради тоа, ликовните историчари сметаат дека Примавера претставува вечна пролет.

2. „Леда и Лебедот“ – Жан Леом Жером, 1895

Уметникот Жан Леом Жером ја претставува митолошката приказна за Леда и Лебедот  во ова ремек-дело. Во приказната, Леда е земена од страна на грчкиот бог Зевс кој е маскиран во лебед. Иако оваа приказна скоро секаде е интерпретирана како доста насилен настан, во сликата на Жером е претставен како убав, интимен момент помеѓу љубовници. Леда стои гола со отворени раце, а лебедот се движи кон неа елегантно, пропратен од група Купидони, симболите на љубов. Затоа што Жером очигледно ја претставува оваа приказна на нежен, сензуален начин, полн со желба, се верува дека тој всушност наоѓа убавина во забранетото, во „украденото“. 

3. „Алхемичарот“ – Пјетер Бругел Помладиот, 1558

Во ова ремек-дело, Бругел ги предупредува набљудувачите за опасноста која ја носи лакомоста. Сликата претставува алхемичар кој нервозно работи на тоа да направи злато. Неговата сопруга очајнички бара повеќе парички во нејзината чанта. Дополнително, некој работник пали огин. Во десниот горен ќош е прикажано семејството на алхемичарот кое проси за пари. Тоа ја открива последицата на тоа што тие се обидувале да направат злато без да го заслужат.

4. „Венера, Купидон и зависта“ – Ангело Бронзино, 1548-1550

Венера во оваа слика е прикажана како на синот Купидон му ја одзема стрелата. Маските на комедијата и трагедијата се прикажани покрај стапалата на Венера. Зависта е прикажана како рогасто суштество или демон, позади Купидон, а при поблиска инспекција се приметува змија која излегува од устата на суштеството.

Оваа слика прикажува дека на шегата (земањето на стрелата) е често маска на завист и љубомора.

Прегледи:
529
Категории:
Уметност
Објавено на:
10.08.2020