Категории

Интересни пораки во Градскиот парк им порачаа на скопјани “Не дреми! Скокни до целта!”

Викендов некој со интересни пораки ги потсети скопјани дека време е за спорт и физичка активност!

Во саботата, на сите клупи во Градскиот парк во Скопје беа оставени пораки со духовита содржина како “Не дреми!”, “Доста седиш!”, “Скокни до целта!”, “Мрдни го г**от!” и други, а заедно со пораките беа оставени јажиња за скокање. Уште нешто беше оставено заедно со јажињата и пораките – влезници за Health, Fitness & Wellness Expo, па изгледа ова е и најава за она што ќе се случува на настанот во септември.

 

Прегледи:
512
Објавено на:
05.09.2017