Категории

Инвестирајте во вашето здравје и негата на целото тело, користете ФИТО САУНА!

Со пристигнувањето на пролетта, пристигна и новитетот во Hotel Russia Spa & Beauty салонот, наречен Фито сауна. Општите придобивки од посетувањето на сауна се добро познати, како за негата на кожата, така и за исфрлањето на отровите од телото и зајакнување на имунитетот.

Меѓутоа, најефикасниот начин да го одржите и заштитите своето здравје е преку користењето на Фито сауна. Овој вид на сауна отсега е достапна само во Hotel Russia Spa & Beauty салонот, која во светот е распространета и позната по своите многубројни придобивки.

Зошто токму Фито сауна?

Освен загарантираното опуштање и ослободување од секојдневниот стрес, редовното користење на Фито сауната доведува до подобрување на кардиоваскуларниот и нервниот систем, согорување на калории, пареата која ја вдишувате особено е значајна за добивање мазна и сјајна кожа, како и лекување на болестите на кожата – псоријаза и дерматит, ослободување од сезонскиот грип и настинки, како и релаксација и отстранување на болките во мускулите и на одредени делови на телото.


Зошто Hotel Russia Spa & Beauty салонот е најдобриот избор?

Покрај тоа што овој познат спа центар во Скопје важи за место каде што грижата за вашето здравје, негата на телото и вашиот изглед е на врвно ниво, она што ќе ве натера да дојдете повторно се многубројните пакети на услуги и комбинации на третмани кои ќе ги добиете по ексклузивни цени.


Фито сауната како една од услугите, имате можност да ја комбинирате со антицелулитна масажа и пилинг на целото тело за уште побрзи и поефикасни резултати. На овој начин не само што ќе инвестирате во своето здравје, туку истовремено ќе се погрижите за доведување на својот физички изглед до совршенство пред почетокот на летните денови. Искористете ја оваа априлска понуда и добијте го целиот месечен пакет за промотивни 1500 денари.

Релаксирајте се и уживајте во сите благодети кои ги нуди Hotel Russia Spa & Beauty салонот.