Категории

Исплива вистината: Анџелина и Бред со години криеле голема тајна! (фото)

Бракот на Анџелина и Бред бил една голема фарса.

Веста која ја разбранува светската јавност во изминатите 24 часа повторно е поврзана со крајот на една од најпопуларните холивудски двојки.

Имено, како што јавуваат странските медиуми Анџелина Џоли и Бред Пит договорно се разделиле уште пред две години, по расправијата поради љубомора на доделувањето на Оскар 2014.

-Анџелина толку лошо се однесуваше таа вечер, со сите сили се обидуваше да го привлече вниманието и ја покажуваше својата нога“, открил извор, мислејќи на сега веќе славното позирање на Џоли во црниот фустан со висок шлиц.

Магазинот „Радар Онлајн“ пишува дека Анџелина и Бред на тој начин со години ја мамеле јавноста дека се заедно и се среќни и вљубени.

-Таа беше безобразна кон него, а поради сето тоа порано ја напушти забавта на екипата  на филмот „12 години ропство“ која таа ноќ беше наградена. Не му дозволи на Бед да ужива во тој момент. Таа ноќ многу лошо се скара и на крајот се договориле да се разделат“, открива изворот.

Нивниот брак според тврдењата на „Радар Онлајн“ беше обична фарса, која сега се претвори во бескрупулозна битка за старателство врз нивните шест деца.

 

Извор : makedonijadenes.com.mk

Прегледи:
331
Објавено на:
17.12.2016