Откриено е дека да се биде добро обдарен не мора да значи и финансиски безбеден, бидејќи некои од оние кои заработуваат најмногу имаат најмали пениси, открива новото истражување.
Невообичаена студија анализирала како големината на пенисот ја одредува платата, а имало и добра вест за салдото на банкарската сметка за мажи кои имаат мали пениси. Анкетата на OnBuy.com вклучува 997 мажи кои одговарале на прашања во врска со работата, платата и големината на пенисот за да проверат дали има корелација. Откриле дека оние со должина на пенисот од околу 7,5 см заработуваат просечно околу 60 илјади евра годишно. Сепак, на другиот крај на скалата, оние со пенис со димензии помеѓу 17 и 20 см заработувале просечно од 20 до 30 илјади евра годишно.
Во однос на унапредувањето на работата, оние со просечна големина на пенисот од 10,2 см имаа најголем број на подобрувања во последните пет години (2,9 во просек).
Работниците ангажирани во физичка работа учествувале со најголем удел кај оние со пениси со големина од 15 до 18 см. Исто така, откриено е дека оние во уметничките професии се во просек исто така „добро обдарени“, тие го сочинуваат најголемиот дел од оние со пениси поголеми од 17 см, пренесуваат медиумите.