Категории

Истражувањата тврдат дека музиката им помага на бебињата да прозборуваат

Музиката им помага на бебињата да прозборуваат, покажуваат истражувањата на американските научници кои го следеле однесување на бебињата во игра на музички ритмови.

Тие споредиле група со 20 деветтомесечни бебиња кои учеле да репродуцираат музички ритмови удирајќи со рака во тапан со 19 нивни врсници кои истовремено играле со други играчки, како автомобили или коцки. Научниците утврдиле дека активноста на деловите од мозокот задолжени за препознавање на вокални и музички одлики – аудитивен кортекс и префронтален кортекс кај децата од музичките групи била поголема отколку кај оние кои играле со коцки и автомоболи.

„Ова е прва студија спроведена на сосема мали деца која упатува на тоа дека изложеноста на музички ритмови во рана животна доба може да ја подобри способноста за препознавање на јазичниот ритам“ – објаснува научник од Институтот за учење и наука на мозокот од унивезитетот во Вашингтон, Кристина Џао која го водеше истражувањето.

„За бебето да прозбори најпрво мора да научи да ги препознава тоновите и ритмовите“ – објаснува коавторот на студијата Патриција Кул, објаснувајќи дека способноста за перцепирање на звукот е „важна когнитивна способност“ и дека „можноста за нејзино рано подобрување има долготрајно влијание на учењето“.
Така ритамот од слогови помага при разликување на звуците и овозможува да се разбира што некој зборува. А можноста за воочување на разликите помеѓу звуците, помага бебињата брзо да научат да зборуваат.

За да го докажат тоа научниците во текот на месец дена организирале дванаесет 15-минутни дружења на 20 деца во лабораторија со родители кои ги набљудувале нивните активности. Седум дена по завршувањето на музичките состаноци кај сите деца од музичката група биле забележани значајни мозочни реакции кои покажале дека бебињата подобро ги препознаваат промените во ритамот отколку децата од другата група. Резултатите биле објавени во Proceedings of the National Academy of Sciences.