Категории

Истренирајте го вашиот мозок да размислува само позитивно: Неврологот Тара Сворт открива трикови за живот без стрес!

Полесно е отколку што мислите.

Ќе се согласите дека одговорот на ова прашање не е едноставен, но за среќа во последните неколку децении, неврохирурзите сериозно се занимаваа со проучување на мозокот и начинот на кој што функционира, и имаат многу интересни одговори на ова прашање.

 

Д-р Тара Сворт има 6 совети кои, тврди таа, ќе придонесат за подобра работа на мозокот, поголема концентрација и одржување на позитивни мисли.

 

Совет 1

Правилната исхрана е скоро секогаш клучна за решавање на ваквите проблеми. Лекарите советуваат да ги вклучите следниве пет намирници во вашата исхрана: лосос, авокадо, јајца, ореви и житарки, како и палмино и маслиново масло.

 

Според неа, и покрај фактот дека човечкиот мозок тежи само еден до два килограми, тој апсорбира и до 20-30% од хранливите материи што влегуваат во организмот, а гликозата е вреден ресурс за нормално функционирање на мозокот.

 

Совет 2

Добриот и квалитетен сон е неопходен за правилно функционирање на мозокот. За целосно опуштање и исфрлање на негативните мисли, на мозокот му е потребно спиење од 7 или 8 часа.

 

Совет 3

Хидратацијата игра клучна улога. Обидете се да внесете доволно вода во вашето тело. Се препорачува половина литар за секои 15 кг телесна тежина.

Совет 4

Кислородот е важен за функционирањето, не само на мозокот, туку и за сите други органи. Обидете се да дишите правилно. Кога мислиме на правилно, д-р Тара мисли на длабоко земање на воздух што ќе обезбеди повеќе кислород во мозокот. Овој мал трик дава одлични резултати. Тоа помага да се намали нивото на стрес и да се надминат ситуациите во кои доминира нервозата.

 

Совет 5

Идеално треба да поминете во текот на денот, во просек околу 10,000 чекори.

 

Совет 6

Научно е докажано дека секојдневните 12-минутни сесии за медитација ги намалуваат нивоата на хормоните на стрес во крвта, зголемувајќи ја изложеноста помеѓу инстинктивни и емотивни реакции и начинот како ќе дејствувате или за што ќе започнете да размислувате.

Прегледи:
460
Објавено на:
08.09.2019