Категории

Италија како поранешна пустина за стартапи, сега дава знаци на живот!

И покрај тоа што е 10-та по големина економија во светот, Италија не е рангирана ни во првите 20 европски земји по капитал инвестиран во стартапи.

Сепак, постојат повеќе технолошки компании основани од Италијанци во Британија и САД, а само неколку во самата Италија.

Како и да е, се јавуваат знаци дека оваа состојба полека почнува да се менува. Повеќе приватни пари се издвојуваат за домашната технологија, а и младите Италијанци почнуваат да размислуваат за основање комапнии на свој терен.

Исто така, и некои искусни италијански оператори почнуваат да се враќаат во својата земја полни со искуство и капитал за инвестирање во стартапи.