Категории

Италијанец го оствари својот најголем сон – Ги исчисти патиките на Дел Пјеро

Италијанецот Даниеле Д’Аостино е голем обожавател на поранешниот италијански фудбалер Алесандро Дел Пјеро. Тој сподели фотографија на фејсбук како ги чисти патиките на својот најголем идол.

На страницата на Феде Бјанконер беше објавена фотографија од обожавател кој чисти патики за својот идол, а описот гласеше:
„На 30-годишна возраст го остварив својот најголем сон, ги исчистив вашите патики во вашиот ресторан во Лос Анџелес. Мојот капетан, мојот суперхерој, едноставно Алесандро Дел Пјеро.”

И среќниот обожавател кој ја испрати фотографијата е Даниеле. По завршувањето на кариерата, Дел Пјеро го продолжи својот живот во Лос Анџелес. Дел Пјеро ја помина буквално целата своја фудбалска кариера во Јувентус, каде го држи рекордот за најмногу настапи и е најдобар стрелец на клубот на сите времиња.

Прегледи:
510
Објавено на:
05.02.2021