И додека лукот е исклучително здрав поради своите антибактериски, антивирусни и антифунгални особини, неговиот специфичен и силен мирис е причина поради која многу луѓе го избегнуваат.
Земјоделците од Италија, Алесандро Џуани и Лоренцо Бјанчи креирале нов вид на лук, нарекувајќи го „лук за бакнување‟, а кој е специфичен по тоа што има значително послаб непријатен мирис од стандардниот лук.
„Вкусот на овој лук е исклучително лесен и се надеваме дека ќе им се допадне на луѓето. Лукот е дел од многу вкусни јадења, а посебно е познат во италијанската кујна, па се надеваме дека луѓето ќе го прифатат и дека ќе можеме да го пласираме на пазарот‟ – рече Џуани за Гвардијан.
Лукот е полн со сулфурни соединенија кои му даваат карактеристичен мирис и вкус, па поради тоа не е идеален ако планирате блиска средба со некое лице.
И иако лукот е една од омилените намирници без кој не можат да се замислат многу јадења во светот, многу готвачи избегнуваат да го користат во големи колични бидејќи предизвикува лош здив.