Категории

Италијанското село Санто Стефано им плаќа на луѓето за да се доселат

Идиличното италијанско село Санто Стефано ди Сесанио познато е по тоа што продава куќи за едно евро на они екои сакаат да ги реновираат и да живеат во нив но сега е подготвено дури и да им плаќа на луѓето за да се преселат тука.

Ова средовековно село е сместено во регионот Абрузо на источната страна на центално-јужна Италија. Среде сталните исселувања на луѓето, локалните власти на Санто Стефано на сите начини се обидуваат да привлечат нови жители. Поради тоа сега одлучија да им плаќаат на луѓето кои се подготвени да се преселат и да работат во ова село, а потенцијалните жители ќе ги поддржат така што ќе им дадам место за живот со симболична станарина.

„Ова не е никаков бизнис. Единствено што сакаме е да се продолжи животот во ова село“ – вели за CNN, началникот на селото Фабио Сантавика.

Санто Стефано има само 115 жители а околу половина се пензионери. Помалце од 20 од нив се помлади од 13 години.

Исто така направи и италијанската Кандела во Апулија каде пред три години понуди 2000 евра на оние кои сакаат да се преселат во овој град.

 

Прегледи:
928
Објавено на:
05.11.2020