Категории

Избегнувајте ги овие намирници и ќе имате блескава насмевка

Ако сакате забите да ви бидат сочувани и блескави, водете сметка што јадете и пиете. Белото вино, газираните сокови, можат да доведат до оштетување, покажале истражувањата на Универзитетот Хелсинки.

Истражувачите се осврнале и на витаминските таблети кои се раствораат во вода. Резултатите покажале дека и тие можат да имаат разорно дејство врз глеќта на забите, бидејќи доведуваат до нивна деминерализација. Меѓу нив, најразорни се покажале производите кои содржат витамин Ц.
Од друга страна, млечните производи како што се сирењето и млекото имаат минерали и базна pH, осносно киселост, поради што нивната консумациј се препорачува по кисели напитоци или растопени витамински препарати.