Категории

Изглед, карактер или пари? Поради овие квалитети на мажите, жените се согласуваат на врска и секс

Конечно е откриено што им е на дамите најважно кај мажите…

Секоја жена која се нашла во нова врска, во еден момент , требало да процени дали тој однос има перспектива и да донесе одлука дали ќе спие со новиот партнер.

Токму тогаш треба да ги оцени квалитетите на спротивниот пол, и да процени дали треба да се впушта во подлабока врска…

Ако сте се прашале што тоа дамите бараат од мажите, магазинот Саншајн ќе се обиде да ни пружи клучни одговори.

Тимот на соработници решил да анкетира повеќе од 2000 жени, на старост од 18 до 35 години , кои ги истакнале најпосакуваните особини кај посилниот пол.

Кога станува збор за изгледот, карактерот и парите, 89 отсто жени се сложиле дека најважен им е карактерот, односно истакнале дека личноста кај партнерот е ставка која претставува основа на се.

Останатите занимливи податоци на истражувањето ви ги пренесуваме во целост:

Карактер-89 отсто

Финансиска сигурност -77 отсто

Добар изглед -75 отсто

Љубов кон патувањата-69 отсто

Добра смисла за хумор-62 отсто

Желба да заснова семејство еден ден-50 отсто

Има возачка/поседува автомобил -47 отсто

Сексуално искуство/либидо-44 отсто

Комуникативност  и друштвеност-41 отсто

Животни цели и амбиции-38 отсто

Извор: Локално.мк

Прегледи:
328
Објавено на:
07.09.2017