Категории

Изнајмување електрични тротинети во Скопје преку апликацијата BinBin

Неодамна во Скопје се појави можноста за изнајмување електрични тротинети.

Граѓаните на располагање имаат 500 електрични тротинети коишто можете да ги најдат паркирани на повеќе локации во Скопје, од Ѓорче до Ново Лисиче.

Сѐ што треба да направите е да ја симнете апликацијата BinBin преку којашто ќе можете да платите. Цената е 9 денари од минута, а доколку преку самата апликација ставите средства од 300 денари, добивате гратис 45 денари. Доколку пак, ставите 500 денари, добивате гратис 100 денари. На тој начин, цената е околу 7,3 денари од минута.

Откога ќе го извршите плаќањето, ја отварате мапата преку самата апликација за да видите каде најблиску имате слободен тротинет на располагање.

Откога ќе стигнете до истиот, можете да се возите во рамките на границите коишто се означени на мапата. Всушност, мапата речиси ја опфаќа целото градско подрачје на Скопје.

На самиот крај, го оставате тротинетот каде било, го исклучувате од апликацијата преку којашто тогаш ќе можете и да платите.

Потоа го фотографирате и фотографијата ја прикачувате на апликацијата.

Тротинетот ќе биде пронајден од компанијата преку ГПС- системот.

Прегледи:
1079
Објавено на:
23.05.2023