Израелскиот стартап CorrActions, воведува систем којшто ќе може да ги следи когнитивните процеси на возачот додека управува со моторното возило.
Идејата е да се користи сензор којшто е вграден во колата за да се следат мускулните активности на возачот. Тие мускулни движења ја рефлектираат активноста на мозокот и преку алгоритмите на CorrActions ќе може да се види дали возачот е уморен, дали му е одвлечено вниманието или пак дали е пијан.