Категории

Ја посолила лубеницата, а кога ќе прочитате зошто, ќе посакате и вие да го направите тоа!

Ако досега не сте слушнале за овој трик, веруваме дека ќе сакате да се обидете да го направите. Самата помисла да ја посолите лубеницата, многу луѓе ги остава во шок. Меѓутоа, една слаткарка од Лос Анџелес открил зошто е ова одлична комбинација.

„Признавам, бев скептична првиот пат кога ја држев посолената кришка во рацете. Во тоа време мојот пријател инсистираше да ја пробам тврдејќи дека на тој начин е уште послатка. Ја вкусив и сфатив дека тој е во право – навистина е поубава посолена“, вели таа.

 

Имено, солта ја прави лубеницата послатка бидејќи креира слатко солен контраст и така овозможува слаткиот вкус уште толку да дојде до израз. Лубеницата обично има суптилна слаткост поради тоа што е полна со вода, за разлика од јагодата или друго овошје кое има концентриран, интензивен вкус.

Потребно е сосема малку сол да се посоли целото парче лубеница. Ако ставите премногу сол, ќе ја „убиете“ нејзината слаткост и ќе мора да земете ново парче.