Кога Џерард Форсит се одлучил да ја запроси својата девојка Кејт Вудли, тој го сторил тоа на најромантичен начин – со мало напуштено маче.
Парот се запознал пред две години на слеп состанок. Кога тие се решиле да посвојат маче, Џерад се решил да го направи големиот чекор.
Овој пар пред неодамна се одлучија да го вдомат ова мало маче, кое беше најдено на улица во лоша здраствена состојба.
Она што таа не го знаела е дека тој планирал да ја запроси истиот ден.
“Мислев дека Џерард е на работа” изјавила Кејт за Метро. “Ми ја дадоа мачката и ми кажаа да ја прочитам пораката.”
Следното нешто што се случи беше сосема неочекувано – се појави Џерард во костум, неговото колено на подот со прстен во малата кутија.
Нејзиниот одговор секако беше двојно „ДА“ – едно за зетот, а другото за мачето.
Му дадоа име на нововдоменото маче, се вика Гандалф. Тоа е среќно во неговиот нов дом и е во супер однос со неговото постаро братче – кучето Шамус.
Сега Џерард и Кејт се подготвуваат за свабдата, но сеуште се прашуваат дали да вдомат барем уште едно напуштено животно.